Изглед на денот: Ема Стоун во цветен костум од Erdem for H&M

Очекуваната колекција од соработката на луксузната модна марка Erdem и модниот гигант Х&М ќе може да ја видиме во продавниците на Х&М од 2-ри ноември. За сега само неколку модни парчиња од колекцијата се појавија на Интернет, а едно од нив веќе облече (пред колекцијата да излезе) глумицата Ема Стоун.

Младата глумица оваа комбинација ја одбра за претставување на новиот филм Battle of the Sexes во емисијата на комичарката Челси Хандлер.

Станува збор за црниот костум во пижама стил со ситни бели цветови кои веќе се очекува да биде најпродаваното модно парче од оваа колекција.

x

Check Also

Голем јубилеј со големо име за отворањето – 40тото издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година се одржува по јубилеен 40-ти ...