Изглед на денот: Ирина Шаик во тексас шорцеви

По крајот на љубовната приказна со глумецот Бредли Купер, топ моделот Ирина Шаик изгледа како да е во топ форма, подобро од било-кога претходно! Неодамна е фотографирана во Њујорк во друштво на ќеркичката, облечена во бели шорцеви и шарена маичка, а изгледот е надополнет со патики инспирирани од стилот на 90те години.

Всушност, во јули и август супермоделот ни покажа дека омилено парче облека за жешките денови и се кусите тексас панталончиња, од кои има повеќе модели во различни нијанси. А ни покажа и како може да се комбинираат за „вау“ изглед.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...