Кожените јакни на голема врата се вратија на уличната модна сцена за време на преодната сезона. До сега видовме како ги носат Алесандра Амброзио и Бела Хадид, а ова неопходно парче сега го гледаме и кај Ирина Шаик.
Супермоделката ја комбинирала кожената црна јакна со бели панталони.
Изгледот е надополнет со мачкести очила за сонце и црни чизми.
Да се потсетиме како пак, ја носи кожената јакна Алесандра Амброзио.
И Бела Хадид носи кожена јакна во предимензионирана верзија.