Изглед на денот: Капутот на кралицата Елизабета Втора

Насмеана и опуштена. Оставајќи го Mегзит зад себе, кралицата Елизабета Втора се појави во јавноста облечена во традиционален црно-бел капут-фустан. Кралицата беше во друштво со принцот Андреа, кој не беше виден во јавноста уште од скандалот поврзан со случајот „Епштајн“, финансиерот кој изврши самоубиство во Њујорк за наводна злоупотреба на деца. Нејзиното Височество се појави во многу елегантно издание со чантичка и нараквици што одговараат на модната комбинација.

Капутот што го носи кралицата претставува безвремен и неприкосновен симбол на елеганција, поради принтот познат како „pied de poule“, што од француски значи „нога на кокошка“. Всушност, името доаѓа оттаму што овој принт потсетува на стапалата на кокошката.

За модниот изглед на кралицата е одговрна, како и секогаш, нејзината лична стилистка Анџела Кели.

Кралицата Елизабета (93) уште еднаш ја покажа својата величина: за неколку дена го реши проблемот Мегзит,  ја одзема титулата од војводите од Сасекс и го поддржа својот син Андреа по бурното интервју дадено на БиБиСи.

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...