Изглед на денот: Карантинската мода на Рис Витерспун

Глумицата Рис Витерспун позира во градината облечена во сино-бел кариран фустан со миди должина, кардиган на рамената и очила за сонце и не потсетува на стариот изглед на американскиот стил.

-Мислам дека стилот на родителите во 80-тите години беше повеќе или помалку ваков , пишува Рис Витерспун во својот пост на Инстаграм.

Ѕвездата се опушта во градината за време на карантинските денови, со чаша розово вино и кариран фустан купен по цена од околу 70 евра, од марката Драпер Џејмс. Очилата за сонце пак, се од марката Рејбан, а и тие се со ретро стил, совршено надополнувајќи го кардиганот во нијанса на фстаци.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот – Црвеното макси палто на Кејт Мидлтон

Во сезоната на палта, јакни и блејзери, војвотката од Кемриџ воодушеви со ...