Карираното е специфичен и впечатлив принт, но и дел од шкотската традиција. Па сосема во духот на традицијата, војвотката од Кембриџ, Кеј Мидлтон, пристигна на настан во Шкотска облечена во кариран, струкиран капут. Изгледот е софицистиран стилизиран и шик.
Мидлтон и принцот Вилијам ја посетија Шкотска по повод отворањето на новaта експозитура на Викторија и Албер музејот. Кејт беше соодветно облечена за оваа прилика. Изборот е темно-зелено карирано палто од Александер Меквин. Изгледот е заокружен со зелено шалче и чантичка, и црни плишани чевли на стабилна потпетица.
Дека на Кејт убаво и стои карираниот принт и дека сака да го носи, сме се увериле повеќе пати. Првпат е фотографирана во кариран моден избор во 2012 година, потоа и година подоцна, 2013, за Божиќ. Оттогаш, карираните модни парчиња станаа дел од нејзиниот имиџ, во зависност од приликите. А и годинава за Божиќ, таа носеше карирана црвена сукња, соодветна на божиќната атмосфера.
Погледнете во продолжение.