Изглед на денот: Костимите на Бијонсе на фестивалот Coachella

Откако минатата години поради бременоста го откажа настапот на музичкиот фестивал Coachella, сите очекуваа дека годинава таа ќе им се одолжи на своите фанови, и навистина тоа се случи – настапот на Бијонсе бил музички и танцов спектакл.

Својот „жежок“ перформанс го започнала со песната „Crazy in Love“, со која пред повеќе од 15 години ја започна соло кариерата, облечена во куси тексас панталончиња во комбинација со жолта блуза и металик чизми со реси.

Во еден од низата настапи, Бијонсе направила перформанс кој ќе се памети, а нејзиниот настап бил разработен до најситниот детаљ – во мигот кога се појавува во улога на кралицата Нефертита, облечена во костим дизајниран од Балман. А само неколку минути подоцна пејачката веќе носела нов костим од лакирана кожа.

Инаку, за настапот на фестивалот, Бијонсе се подготвувала повеќе месеци. Пробите во последните неколку недели пред настапот траеле и по 11 часа на ден. Дополнително, Бијонсе била и на посебен диетен режим.

x

Check Also

Кој е Сем Асгари, љубовта на Бритни Спирс?

Сем Асгари е момче на Бритни Спирс од 2016 година. Во најголем ...