Изглед на денот: Коженото Hugo Boss здолниште на Меган Маркл

Меган Маркл продолжува да ги редефинира правилата на кралската мода.

Маркл носеше кожено здолниште на заедничката посета со принцот Хари во Сасекс –  местото од каде што е нивната кралска титула. Двојката стана војвода и војвотка од Сасекс на денот на нивната венчавка, кога кралицата Елизабета им ја додели титулата како свадбен подарок.

Во Сасекс, на Меган и Хари им била претставена копијата од Американската Декларација за Независност, во која се вели дека ќе ги почитува корените на Војводството. Единствениот друг потпишан примерок се наоѓа во Националната архива во Вашингтон. Потоа, парот присуствувал на отворање на ново специјализирано училиште, па се сретнале со членовите на хуманитарната организација која ги поддржува жртвите од сексуално насилство и злоупотреба во Сасекс, а на крајот го посетиле Младинскиот центар. Со толку многу важни посети, коженото здолниште на Маркл претставува рамнотежа меѓу трендовското и елегантното.

„Молив“ здолништето во темно земела нијанса, со должина до под колениците, е од марката Hugo Boss. Убаво е искомбинирана со свилена кошула во иста нијанса, а изгледот е запкружен со нежни салонки на висока потпетица.

 

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...