Шпанскиот кралски пар ја посети Навара во северот на Шпанија. Ова е уште едно во низата на патувања од турнејата во чиј состав кралицата Летиција и кралот Филип Шестти ги посетуваат автономските заедници на Шпанија.
За оваа пригода кралицата Летиција носела фустан од марката Сандро Париз кој првпат го носела во 2018 година на меѓународниот конгрес Афамер во Мадрид.
Разликата во модниот изглед од конгресот и овој во Навара е во чевлите. Тогаш носела црни салонки на висока потпетица, а сега еспадрили со платформа, кои се омилен избор на обувки за летните денови не само на Летиција, туку и на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Со ова кралицата на Шпанија уште еднаш покажа дека изборот на чевли може да го смени целосно изгледот, иако фустанот е ист.