Изглед на денот: Макси фустанот со риги на Меган Маркл

На четвртиот ден на патувањето низ Австралија, војвотката од Сасекс покажа многу стил, исто како и во претходните три дена.

Овојпат изборот беше макси фустан со риги во комбинација со еспадрили на платформа. Фустанот со кафени и црни риги е креација на Мартин Грант, моден дизајнер од Мелбурн, Австралија, кој живее и работи во Париз. Овој фустан е дел од неговата есенска колекција, а чини 1.200 евра.

Маркл изгледот го заокружи со дискретна, незабележлива шминка во кафени нијанси и многу дискретно ланче.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...