Изглед на денот: Меган Маркл во летен мантил

Војвотката на Сасекс воодушеви со различни модни комбинации во периодот после свадбата со принцот Хари, но оваа летна необична комбинација вреди да се погледне. Всушност, со овој избор Меган Маркл ја покажа експерименталната страна на кралската мода.

Маркл и принцот Хари се упатиле кон лондонскиот Саутбанк Центар на приватна прошетка по повод стогодишната изложба посветена Нелсон Мандела. Поранешната актерка за оваа пригода облече мантил-фустан без ракави од канадската модна марка Хаус оф Нони. Летното мантилче чини 625 фунти.

Изгледот таа го заокружила со чанта во иста нијанса од Малбери (600 фунти) и чевли на висока потпетица од Диор.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...