Изглед на денот – Меган Маркл во сако наместо фустан

Војвотката од Сасекс, уште еднаш покажа смела модна комбинација.

Вчера, Меган Маркл и принцот Хари псрисуствуваа на хуманитарниот настан посветен на децата од Боцвана и Лесото за да им се обезбеди едукација и здравствена заштита.

Маркл за оваа пригода носеше црно сако со мини должина наместо фустан. Моделот е од „Џудит енд Чарлс“, а чини 595 долари. Комбинацијата е надополнета со црни салонки на висока потпетица.

Накитот недостига, но добро се гледа свадбениот прстен на левата рака, кој е доволен украс.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...