За да ја прими елката во Белата куќа, Меланија Трамп е облечена во црн капут со црвени и бели рози од Долче и Габана. Првата дама На САД уште еднаш ја потврди нејзината љубов кон оваа луксузна италијанска марка.
Моделот на палто е со миди должина и има карактеристична (три-четвртина) должина на ракавите. Дел е од зимската колекција на Долче и Габана, но веќе е распродаден.
Меланија изгледот го заокружила со чизми на висока потпетица од Кристијан Лобутин.