Изглед на денот: Минималистичкиот моден изглед на Меган Маркл

Минималистичкиот моден изглед на Меган Маркл за време на нејзиното патување во Бирмингем доби многу внимание. Она што ја направи толку посебна оваа модната комбинација беше палтото од J Crew.

На 8ми март, Маркл и принцот Хари пристигнаа во Бирмингем за да се запознаат со локалните проекти за деца организирани од градот. Парот беше пресретнат од огромен број обожаватели, а женските погледи беа насочени токму кон синото палто со бели украсни летни кое го носеше Меган.

Изгледот е заокружен со бела ролка и тесни црни панталони, класични салонки на висока потпетица и микро, сина чантичка. И вкусот на обожавателите беше веднаш освоен, особено со едноставноста на комбинацијата!

Не се сомневаме дека слични модели на ова палто наскоро ќе видиме во колекциите на „хај стрит“ модните марки.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...