Изглед на денот: Миранда Кер во розов Унгаро фустан

На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал блесна Миранда Кер облечена во розов фустан, креација на Емануел Унгаро.

mir 2

Топ моделот пристигна на Канскиот фестивал за да го промовира новиот сладолед на „Магнум“. На промоцијата, која беше во составот на фестивалот, Кер се појави во розов фустан со екстремно длабоко деколте совршено искомбиниран со сандали на висока потпетица, сребрена мини чантичка, нагласен црвен кармин и препознатливата широка насмевка на лицето.

mir 1

x

Check Also

Канје Вест ја отстрани Ким Кардашијан од Твитер

Раперот престана да ја „следи“ неговата, сега веќе поранешна сопруга, Ким Кардашијан ...