Изглед на денот: Моника Белучи во „Диор“ од глава до пети

На Модната недела во Париз, на ревијата на Диор, блесна 54годишшната глумица Моника Белучи.

Глумицата беше облечена во впечатлив, црвен, кожен мантил кој го носеше како фустан, секако со потпис на Диор, компанија за чии козметички линии беше заштитно лице со години.

Нагласеноста пак, на струкот, благодарение на кројот и ременот, дополнително ја истакна нејзината женственост. Црвениот мантил Белучи го комбинираше со кожени црни чизми на висока потпетица, а за заокружување на изгледот – чанта од Диор, трендовски Диор очила за сонце со кружни рамки и обетки во кружна форма.

На модната ревија на Диор, Белучи била во одлично друштво, меѓу познатите, со супермоделот Карли Клос и глумицата Фелисити Џонс.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...