Изглед на денот: Моника Белучи во сино сако со длабоко деколте

На 55 години, Моника Белучи може да се пофали со навистина долга и успешна кариера, сакана е од публиката, а истовремено нејзината убавина „не старее“.

Лесно е да се сака стилот на Моника Белучи, едноставен, женствен, многу француски. Моника Белучи е несомнено најголемата Французинка меѓу Италијанците и една од најубавите жени во светот.

Не само што е одлична актерка, туку таа се покажа и како грижлива мајка на двете ќерки – убавици, Дева и Леони, и двете плод на нејзината љубов со Винсент Касел.

На неодмна постираната фотографија на Инстаграм, Белучи позира во сако со длабоко деколте во нагласена сина нијанса, и со куса залижана коса. Изгледот е надополнет со нагласен црвен кармин.

Инспирирајте се од оваа убавина.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...