Изглед на денот – Никол Кидман во „Гучи“, стил инспириран од седумдесеттите години

За да ја претстави новата серија The Undoing на HBO во која глуми со Хју Грант, актерката избра модна комбинација инспирирана од стилот на седумдесеттите години. Сакото е од модната марка Гучи, поточно од колекцијата Гучи Оргазмик дизајнирана за пролет/лето 2020.

Модерниот изглед на глумицата е составен од елече и сако со трендовски машки крој, дизајнирани од креативниот директор Алесандро Микеле, во комбинација со сина кошула, црна вратоврска и црни тесни панталони.

Многу шик!

Гучи пролет/лето 2020

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...