44-годишната глумица се појави на црвениот тепих на Канскиот филсмки фестивал на промоцијата на психолошкиот трилер на шпански јазик „Everybody Knows“.
Вниманието го привлече со тесниот, свилен, црн фустан украсен со тантела.
Додека на отворањето на фестивалот глумицата носеше црна раскошна креација од Шанел, овојпат се одлучи за фустан од Версаче.

На отворањето на фестивалот, Пенелоп носеше креација од Шанел
Изгледот е надополнет со црни сандали со платформа и на висока потпетица, а на лицето – нагласени се очите. Црвениот лак за нокти е одлично решение за свечени настани, додека накитот не доминира и се сведува на дискретни обетки.

Креација на Версаче