Изглед на денот: Ријана во кожен Версаче фустан

Пејачката Ријана се појави на „Фенти Бјути“ забавата во Милано, Италија, облечена во тесен, кожен фустан.

Фустанот е од колекцијата на Версаче за сезоната есен/зима 2018. Изгледот е надополнет со впечатлив Версаче ремен и сандали од пролетната колекција на Том Форд.

30-годишната поп ѕвезда го заокружи стилот со мејкап од „Фенти Бјути“.

Инаку, кожените црни фустани се актуелни во колекциите на луксузните модни марки, а слични модели наоѓаме кај Кензи, Хелмут Ланг и Александер Ванг.

Кензи

Хелмут Ланг

Александер Ванг

 

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...