Изглед на денот: Розовиот светкав костум на Мишел Обама

На европската турнеја на која ја презентира својата хит книга, автобиографијата Becoming, поранешната прва дама на САД покажа многу стил во изборот на гардеробата.

Во вторникот, Мишел Обама престојуваше во Копенхаген кадешто имаше промоција на својата мемоарска книга. Според Харперс Базар, Обама носеше костум од локален дизајнер за оваа пригода. Костумот во розова нијанса составен од палто и панталони има интересни златни, светкави апликации.

Костумот е од марката Stine Goya, и достапен е во продажба во сите конфекциски броеви, од XS до XL. Се продава во посебни делови, односно посебно се продава сакото, а посебно панталоните. Сакото чини 1.350 долари, а панталоните – 960 долари, па за да го копирате овој изглед на Обама потребни ви се 2.310 долари.

Мишел Обама изгледот го заокружи со трендовски тркалезни обетки и салонки на висока потпетица во златна нијанса.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...