Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, облечена во фустан од колекцијата на Версаче за сезоната пролет/лето 2020.

Да се потсетиме дека на Миланската модна недела истиот фустан го видовме на модната писта.

Гомез, која до неодамна имаше проблеми со здравјето, во жолтиот мини фустан сега ја покажа својата одлична фигура. Изгледот го заокружи со нова „боб“ фризура и соврешена шминка.

x

Check Also

Поубава од Анџелина Џоли, а толку личи на неа!

Преубавата Русинка Алина Тсаракова од Северна Осетија е „плукната“ Анџелина Џоли. Сличноста на ...