Изглед на денот: Синиот миди фустан на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ присуствуваше на нејзиниот прв пост-карантински настан LIVE за одбележување на 72-годишнината од основањето на NHS, британската здравствена служба. Таа и принцот Вилијам се појавија во модни комбинации во сина  нијанса.

View this post on Instagram

Today we mark the 72nd birthday of the NHS, in a year when it was needed more than ever as the nation responds to COVID-19. Today, The Duke and Duchess visited the Queen Elizabeth Hospital in King’s Lynn to thank staff for their efforts in helping their community. Whether you are existing staff, former staff members who came out of retirement, volunteers or key workers – we thank you for the resilience, perseverance and hope you’ve shown our nation.

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) on

Кејт носеше класичен миди фустан од британскиот бренд Beulah London. Моделот „Шалини“, кој се карактеризира со бела јака, е во продажба по цена од 525 фунти.

Изгледот го заокружи со коњско опавче и многу природна шминка. Од модните додатоци, таа одбра дискретни округли обетки.

Кејт особено го сака брендот Beulah London бидејќи е блиска пријателка со ко-основачката Лејди Наташа Руфус Исакс, која се омажи – по игра на случајот – со нејзиното поранешно момче Руперт Финч. Покрај тоа, Лејди Наташа се познава со Вилијам уште од детските денови.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...