Изглед на денот: Скарлет Јохансон во металик фустан од Ердем

На црвениот тепих на премиерата на филмот „Одмазници – Војна на бесконечноста“, глумицата Скарлет Јохансон го привлече вниманието појавувајќи се за првпат во друштво со своето ново момче, Колин Џост.

Скарлет Јохансон и Колин Џост

Јохансон беше впечатлива и со модниот избор за оваа вечер – блескаше во тесниот металик фустан од Ердем со трендовска постава со полка точки. Изгледот беше успешно надополнет со сребрено чокер ланче и црни едноставни сандали на висока потпетица.

Грбот пак, ја откриваше нејзината голема украсна тетоважа.

За промена и убаво освежување, косата е овојпат во актуеланата нијанса на сезоната – темно костенлива, а шминката е подеднакво трендовска – нагласени очи во боите на виножитото и дискретен кармин.

Инспирирајте се од модниот изглед на глумицата.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...