Изглед на денот: Виолетовиот фустан на Кејт Мидлтон (сличен модел има во Marks & Spencer)

По шестмесечниот постпородилен период на пауза, кој го помина уживајќи со малиот принц Луј, Кејт Мидлтон се врати на јавните настани. Заедно со принцот Вилијам присуствуваа на Глобалниот самит за ментално здравје кој се одржа вчера во Лондон.

За оваа пригода војвотката од Кембриџ го одбра виолетовиот фустан од Емилија Викстед и модни додатоци кои привлекуваат внимание. Инаку, овој ист фустан Мидлтон го носеше и во јули, 2017, при посета на Хамбург.

Фустанот чини 1.350 фунти и е од ланската колекција на Емилија Викстед, додека модните додатоци се од актуелните есенски колекции. Така, чевлите се од Џанвито Роси, пастелната чанта е од Аспинал, а за финиширање на изгледот тука е и сребрениот накит со дијаманти од Мапин и Веб. Ѓерданчето чини 2илјади фунти, а обетките – 3.750 фунти. И двете парчиња накит се достапни во продажба на официјалната веб страница на брендот.

Добрата вест за сите на кои им се допадна овој моден изглед на Мидлтон е што сличен модел на виолетов миди фустан достапен е во продажба во  Marks & Spencer.

Marks & Spencer

x

Check Also

Најоригиналните изгледи на црвениот тепих на American Music Awards 2018

Изгледот на ѕвездите на црвениот тепих непосредно пред започнувањето на Американските музички ...