Изглед на денот: Жолтиот сатенски фустан на Емили Ратајковски

Топ моделот Емили Ратајковски носеше сатенски жолт фустан на свдбата на дизајнерот Марк Џејкобс во Њујорк.

27-годишната убавица изгледаше сензационално во сатенскиот фустан во силна жолта нијанса, со миди должина, нагласено деколте и отворен грб. Деталот – марама околу вратот како дел од фустанот додава шик ефект. Ратајковски жолтиот фустан го комбинираше со сандали со висока потпетица во трендовска златна нијанса.

Изгледот е заокружен со мала златна чантичка, златни кружни обетки и нагласени очи и усна со шминка во нијанса на зрела праска.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...