ИЗЛОЖБА: „Убава е Македонија“ од Новица Трајковски во галерија „Метаноја“

Денес (понеделник, 18 октомври) од 12 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во скопската галерија „Метаноја“  се отвори изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски.

За изложбата рецензентот д-р Коста Милков ќе каже, „Уметничката техника, методот, обработката, медиумот, жанрот и толкувањето можат да го направат секој физички предмет да мине отаде тварното и видливото; феноменот да каже нешто и за нуменот. … Првиот впечаток кога се гледа секое платно поединечно, а потоа и како целина е повикот на уметникот да се забележи феноменот. Да се види претставеното, да се забележат деталите на него, особено оние аспекти кои потезите, четката и боите ги нагласиле.“

Изложбата ќе трае до 22 ноември 2021. 

x

Check Also

Промоција на „Меч од мечти“ – збирка песни од Диме Данов

Стихови ќе читаат: Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади Музика: ВИС „Тркалезна маса“ ...