Изложбата „Јапонија” на Дејан Колевски во НЛБ Галерија

На 16.5.2019 година во 20 часот во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложбата на фотографии од Дејан Колевски насловена како „Јапонија“.

Изложбата е составена од четириесеттина уметнички фотографии. За кои самиот автор вели:
„Изложените фотографии, изработени во црно-бела и колор техника, се од Јапонија каде што во текот на мај 2016 престојував во градовите Токио, Јокохама, Осака, Кјото и Каназава.
Јапонија ја посетив како турист без некоја однапред подготвена агенда за посета на места и знаменитости. Имав план само кои градови ќе ги посетам во текот на престојот од две недели. Уште пред да го планирам патувањето имав прочитано повеќе текстови и книги на тема Јапонија па мислев дека сум добро подготвен за допир се една различна култура. Сепак, Јапонија е сосема поинаков свет од оној во кој живееме, а тоа се сфаќа брзо по пристигнувањето. Тоа е земја на контрасти, а споевите или судирите меѓу традиционалното и модерното можат да се видат насекаде, почнувајќи од облеката на луѓето до архитектурата. Се надевам дека изложените фотографии на посетителите ќе им доловат дел од прекрасната Јапонија.“

Дејан Колевски се заминава со фотографија од 1998 година и е активен член на Фото Сојузот на Македонија (ФСМ). Автор е на 4 изложби „Места и моменти“ Мај 2005, КЦ “Точка“, Скопје; „Мотиви од Македонија“, Maj 2007 – Заедничка изложба на фотографии со Христина Патчева; Изложба во рамките на денови на Македонската култура во Германија, Information Center “Europa Direkt”, Келн, Германија и „Поезијата на секојдневиоето“, Ноември 2013, Самостојна изложба на фотографии во Национална галерија на Македонија “Мала Станица“, Скопје.

Колевски учествувал на повеќе државни и меѓународни изложби на фотографија. Неговите фотографии во континуитет се изложувани на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија“ почнувајќи од 2000 година и се дел од националните колекции на фотографии со кои Фото Сојуз на Македонија учествувал на FIAP (Fédération Internationale de l’Art Photographique ) изложби. Добитник е на бројни значајни награди.

Изложбата ќе остане во НЛБ Галерија се до 28.5.2019 година.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...