Израдувајте ги дечињата: Новогодишна торта со скриено слатко богатство

Што најмногу би сакале дечињата за празничните вечери? Се разбира, торта на изненадувањата, позната како пиниата торта. нема филозофија во нејзиното подготвување, а ефектот е волшебен! Ја сечете тортата и оп, шарени чоколатца се тркалаат низ неа!

Како да ја направите?

Од секоја торта може да направите пиниата торта. Но земете предвид – тортата што е на повеќе ката ќе има поштосен изглед. Исто така, повесело ќе изгледа тортата која содржи филови во различни бои (најдобро ако се боите на виножитото).

Испечете го тестото за тортата која мислите да ја направите и подгответе крема со која ќе ја филувате тортата. Кога тестото за тортата е испечено, средината на секое тесто пресечете ја со округол калап. Исфилувајте ја тортата, но внимавајте средината која сте ја пресекле да остане празна. Кога ќе завршите со филување на тортата, земете шарени бомбончиња и претурете ги во средината на тортата, односно „дупката“ наполнете ја до врв со бомбончиња.

Дури на крајот, горниот дел од тортата исфилувајте го и украсете го по желба, но нека биде весело и шарени!

Фотографиите ви покажуваат како да ја подготвите тортата со скриено богатство.

x

Check Also

Посни бомбици од бадеми и портокали

Ви требаат идеи за посни слатки? Еве една прекрасна која се подготвува ...