Израдувајте ги дечињата, супер рецепт за карамелизирани јаболки

Овие слатки и вкусни јаболки обвиткани со стопен шеќер, послужете ги оладени. Одлично изгледаат на трпезата која вистински ја развеселуваат, а особено децата не можат да им одолеат!
Може да ги прелиете и со стопено бело чоколадо или пак да ги попрскате со сечкани лешници.
Потребни намирници – 2 чаши шеќер, 3/4 чаша вода, 1/2 чаша пченкарен сируп, 1 лажичка боја за храна (црвена), 1/2 лажичка цимет, 4 јаболка, 4 дрвени стапчиња (на пример, стапчиња за сладолед).
Подготовка
Во сад за готвење со подебело дно помешајте ги шеќерот, пченкарниот сируп, водата, бојата и циметот.
Оставете да зоврие на најниска температура, постојано мешајќи, варете ја смесата околу 20 минути додека да стане густа и целиот шеќер да се растопи.
Во сад за печење ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку путер за јаболките да не се залепат за хартијата.
Пресечете ги дршките од јаболките, доколку ги имаат, и во средината на секоја забодете го стапчето (не до крајот). Со подготвениот растопен шеќер прелијте го секое јаболко над хартијата за печење и оставете да се изладат.
Додека се ладат може да ги попрскате со исечкани лешници или, кога потполно ќе се изладат, половината од јаболката да ја прелиете со стопена бела чоколада и ќе добиете спектакуларни карамелизирани јаболки.

x

Check Also

Посно ем вкусно: Питички од праз и ориз

Пикантната мешавина на праз и ориз ги прави овие посни пити гурмански ...