Известување за работа на Благајните на Државна лотарија и потсетување за #СедиСиДома и Играј Онлине

Државна Лотарија ги известува играчите на игрите на среќа, а особено  добиниците на добивки вредни над 5 000 денари, дека Благајната на Државна Лотарија која се наоѓа во седиштето на друштвото, или поточно во зградата на МРТ , во Скопје, ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 14 часот. Истото работно време ќе се однесува и на регионалната благајна во Кочани.

Од Државна Лотарија потсетуваат дека рокот за исплата на добивките на Лото 7 и Џокер е 30 дена од објавувањето на официјалниот извештај, а исплатата на добивките од инстант лотаријата е 30 дена по завршувањето на продажбата на серијата од тој инстант лоз.

Исто така, потсетуваат, дека одлична можност да ги одиграте вашите среќни броеви е ONLINE уплатата преку www.loto.mk  која ја олеснува и исплатата на добивките директно на вашата сметка.

#SediSiDoma  играј Лото ONLINE

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...