Ја обновија врската: Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Откако прв ја објави веста, австралискиот „Океј“ предизвика лавина коментари. Брет Пит и Џенифер Анистон се видени заедно во Калифорнија, како уживаат во вино во свеж љубовен почеток.

-Нивната љубов е посилна од билокога. А Бред сфатил дека Анџелина била негова најголема грешка, – вели изворот.

Набргу се огласи и британскиот Мирор, објавувајќи дека глумците и поранешни сопружници Бред и Џенифер повторно се во врска. Нивните пријатели откриле дека двајцата се обидуваат да ја вратат старата љубов, страст и доверба која ја имале додека биле во брак.

Бред и Џенифер, наводно, повеќе пати се гледале пред историската средба на црвенио тепих. Наводно, празниците ги минале заедно во вилата на Џенифер.

Според зборовите на пријателка на Џенифер, глумицата никогаш не престанала да го сака Бред, иако ѝ го скршил срцето кога ја оставил за Џоли, а и требало многу време да му прости.

x

Check Also

Кејт Мидлтон ги доби најлошите последици од Мегзит

Вилијам и Кејт Мидлтон секогаш јавно ја поддржуваа одлуката на Хари и ...