Ја погледнавте новата видео реклама на Сара Фешн?

Овие денови се лансираше новата кампања на Сара Фешн по повод дваесет -годишнина од нивното постоење. Кампањата предводена со моќно корпоративно видео и фантастична фотосесија се предвесник на новата колекција која го прати овој јубилеј на македонскиот бренд.

Го запрашавме маркетинг тимот, за повеќе детали околу кампањата „20 години растеме заедно“, а тие ни открија дека на неа работеле повеќе од 40 членови, вработени од команијата и соработници за проектот.

-Ќе речат дека се започнува со сон.. сон што го сонуваш.. и сосема имаат право. Создавајќи ја кампањата во чест на дваесетгодишнината од постоењето на брендот Сара Фешн, почнавме да ја развиваме приказната уште од нејзините почетоци. Од сонот. Сонот за големи нешта, искрени и вистинити. Размислувавме за секој клучен сегмент кој би сакале да го претставиме. Тогаш сфативме дека првенствено од големо значење се храбрите почетоци со малите чекори кои водат до големите идеи. Идеи како оние за приказната за Сара Фешн која започнува да ги испишува своите страници од моментот на првата продажба на чорапи пред 20 години, па се до денес кога после 20 години труд и вложување во работата, веќе е позната како етаблиран македонски бренд како во нашата држава така и пошироко.

Компанијата ДеТа заедно со своите вработени и соработници секогаш е подготвена за нови планови, нови реализации и нови предизвици. Така сплотени со заеднички сили создаваат успеси и среќа, за компанијата, за потрошувачите и за себе.

-Оваа кампања е приказна која сакаме да ја ракажеме. Во неа збруваме за сила, истрајност и посветеност. Зборуваме за раст и развој на компанијата ДеТа, кој всушност означува раст и развој на секој од нас. Брендот СФ е тука за секого, момци и девојки, жени и мажи, дечиња.. секоја возраст има своја приказна со СФ. Сара Фешн е со нив во сите мигови на радост, и затоа сега ја празнуваме таа радост за сите години поминати заедно бидејќи во секој миг, секој ден, секоја година.. СФ е со нас.

„Тоа што си“ – или колекцијата есен – зима 2019/20 е плод на создавање мода достапна за секого, каде има голем избор на долна облека, пижами, маици, градници, килоти како и хулахопки и чорапи. Памучни, тантелни, класични или дезенирани, има модели за сечиј вкус, задоволувајќи ги различните потреби на потрошувачите. Токму тие се и мотивот за големиот и широк асортиман на производи на СФ низ годините.

Би сакале и од нашиот тим да упатиме искрени честитки до Сара Фешн и да и посакаме Среќен 20ти роденден! Повеќе детали за кампањата и колекцијата можете да пронајдете на нивниот фејсбук и инстаграм профил.

 

 

x

Check Also

Што велите за новите патики „ПУМА“? Супер се, ќе ви ги покаже Кара Делевињ

Супермоделот Кара Делевињ е главно лице во новата кампања на Пума за ...