Јајцата се важни за слабеењето, еве 5 причини зошто

Аминокиселините се основни состојки на протеините, а од сите во јајцата е најважен леуцинот. Токму тој е одговорен за слабеењето. Научниците потврдија дека јајцата ја содржат најбогатата мешавина на есенцијалните аминокиселини.

Еве ги клучните 5 причини зашто да конзумирате јајца доколку сакате да ослабнете.

Појадок за слабеење

Неодманешното истражување покажува дека гојазните луѓе кои за појадок јаделе две јајца загубиле 65 отсто повеќе тежина од жените кои наутро јаделе парче тестенина. Понатаму, утврдено е дека луѓето кои за појадок јадат житарки или овошје, побргу ќе почувствуваат глад отколку оние кои појадуваат јајца.

Чувство на ситост

Протеините во јајцата побргу заситуваат и го продолжуваат чувството на ситост. Тоа значи дека помалку ќе имате потреба да посегнете за грицки.

Протеини – клуч за слабеење

Протеините се многу важни за да го подигнете нивото на енергија и да ги изградите мускулите. А како мускулите помагаат во слабеење? Едноставно. Што повеќе имате мускулно ткиво, дотолку повеќе ќе согорувате масти без да правите нешто.

Нискокалорични

Едно поголемо јајце содржи само 80 калории што значи дека е идеален сојузник во борбата против вишокот килограми.

Јајце за меѓуоброк

Научниците од  Pennington Biomedical Research Centre тврдат дека луѓето кои јадат јајца за меѓуоброк во крвта имаат помало ниво на грелин – хормонот кој го стимулира апетитот. Кај овие луѓе е воочено и зголемено ниво на хормонот PYY3-36, кој сигнализира дека сме сити. Оттука и таа група на испитаници за време на ручекот или вечерата кознумирале многу помалку калории, отколку групата испитаници која не кознумирала јајце за меѓуоброк, туку овошје или зеленчук.

x

Check Also

Вода Саси и 28-дневна Саси диета за брзо топење на мастите

Нутриционистката Синтија Сас, популарна по пијалокот за слабеење – водата Саси, ги ...