Јанев: Оставете го стариот и нездравиот начин на живот, време е за нов почеток

Здравјето на телото е клучно за добро функционирање во секојдневниот живот, посочува фитнес инструкторот и нутриционист Ивица Јанев кој работи како консултант за решавање на проблеми со килограми и здрав живот. 

Ивица Јанев во последните 2 години стои зад 250 лични трансформации и промени во начинот на живот, чии сведоштва тврдат дека се чувствуваат одлично, изгледаат подобро како и полесно ги остваруваат личните цели.

Една од нив е и Еми Димитриевска која вели дека со години не се чувствувала добро за нејзиниот изглед и преку програмата на Јанев го намалила обемот на телото за 30 см и намалила 20 килограми од својата тежина. 

– Ивица ме поттикна да воведам нов животен стил. Со години мојата самодоверба беше ниска поради начинот на живот а тоа почна да се одразува и на моето здравје. Програмата која Ивица ја направи за мене ми овозможи за 12 недели да го намалам обемот, да се чувствувам одлично а со тоа да си ја зголемам самодоверба. Ме научи да се ставам себе си на прво место и да работам активно на себе си, вели Димитриевска.

Програмите за промени на начинот на живот се индивидуални за сите негови клиенти зависно од нивните потреби. Јанев тврди дека повеќето луѓе со кои работи доаѓаат за да намалат на килограми, но откога им се променува целиот начин и стил на живот тие се на еден начин “зависни“ од програмите затоа што им го подобруваат квалитетот на живот во целост.

Дарко Талевски кој целиот својот живот го поминувал во маки со тироидната жлезда, поточно хашимото воспаление, е исто така еден од луѓето кои сведочат за промената на таканаречен нов живот.

– Мојата работа е да тестирам чоколади, секојдневието ми е да внесувам константно шеќер во организмот а со тоа се одрази негативно на моето здравје. Искрено, за жал добив покачување со 12 µUI/ml вредност на мојата тироидна жлезда, додека нормалната вредност е 0.4 до 4.5 µUI/ml. Кога ќе се погледнев во огледало немав самодоверба, бев обесхрабрен од мојата ситуација и тоа ме поттикна еден ден да го променам мојот стар начин на живот, се информирав за програмата на Ивица Јанев, откога почнав тоа ме натера да намалам 12 килограми а мојата тироидна жлезда се врати во нормала и сега се чувствувам полн со живот, додава Талевски.

Никола Арсов од Кавадарци е еден од тие кои ја започнал програмата на Ивица и за период од 7 месеци целосно си го променил животот и намалил 50килограми. 

– Мојот начин на живот ми ја намали самодоверба и чувствував потешкотии и неугодност секој ден . Не се чувствував свој во своето тело. Имав премногу вишок килограми за мојата 17 годишна возраст. Пробав да намалам килограми неколку пати на разни начини, но неуспешно. Со програмите на Ивица за само 7 месеци се чувствувам како нова личност, имам самодоверба и секако 50кг помалку, додава Арсов. 

Зад овие трансформации Ивица Јанев работи активно на нивните лични програми. Тој е сертифициран од Америка и постојано вложува во тоа. 

– Преку програмите се менуваат повеќе параметри, посветуваме комплетно внимание и грижа за секоја личност индивидуално така што со тоа им правам промена на начинот на живот кон подобро. На моите клиенти им велам оставете го стариот и нездрав начин на живот, време е за нов и убав начин на живеење, додава за крај Ивица Јанев.

 

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...