Јапонките протестираат: Не носиме веќе чевли со потпетици на работа!

Протест се случува во Јапонија од страна на деловните жени кои потпишуваат петиција повеќе да не мора да носат чевли со потпетици на работното место.

Оваа кампања е насловена KuToo, игра меѓу зборовите kutsu што значи чевли и kutsuu што значи болка, а иницијатор на кампањата е писателката Јуми Ишикава.

-Ја презентиравме на владата петицијата со која бараме да се воведе закон кој им забранува на работодавачите да ги тераат жените да носат чевли со потпетици на работното место, зошто тоа претставува дискриминација“, вели писателката Јуми Ишикава.

Петицијата за помалку од 48 часа собрала 19.000 потписи.

x

Check Also

Ким Кардашијан позира за колекцијата SKIMS и е многу секси

Ким Кардашијан позира за кампањата SKIMS Cotton Collection. Колекцијата ќе биде лансирана ...