Јована Филиповиќ, Стефанија Насеска и Рене Рајт-добитнички на наградите на Стајлист

Mодниот сајт и асоцијација Стајлист.мк (Stylist.mk) традиционално ги избра најуспешните на Моден викенд-Скопје.

Јована Филиповиќ

Јована Филиповиќ

Наградата за најдобра колекција на десеттото, јубилејно издание на Моден викенд ја добива креаторката Јована Филиповиќ, за линијата „Where The Wild Things Are“ есен-зима 2014/15. За најдобра млада дизајнерка тимот на Стајлист ја прогласи Стефанија Насеска, за нејзината колекција „Азбука“. Признанието најдобра манекенка на есенското издание на Моден викенд Скопје го доби Рене Рајт од модната агенција „Подиум“.

Рене Рајт

Рене Рајт

Уникатната статуетка за главната награда – најдобра колекција ја изработи дизајнерката на накит Илина Поповска. Наградата за најдобар млад дизајнер ја направи тандемот Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад марката за накит „Еклектика“, а признанието за најдобра манекенка го креираше Андријана Андреева (Ани Соро).

Стефанија Насеска

Стефанија Насеска

Наградите на победниците ќе им бидат врачени во среда (5 ноември) во 12 часот, во концептуалната продавница Лотус Дизајн Стор (Lotus Design Store) во Скопје сити мол.

Фотографија – Ани и Дими

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...