„Junk free, guilt free” нова едукативна кампања на Виталиа за здрава исхрана без грижа на совест

Брзо темпо на живот значи и донесување брзи одлуки за исхрана во текот на денот. Иако изборот на здрава храна е оној логичниот, неретко знаеме да посегнеме по нешто junk, вештачко и висококалорично. Но, благодарение на зголемениот пристап до информации на интернет, се повеќе стануваме свесни дека здравата храна во која се задржани оригиналните ензими, хранливи состојки и биоактивни компоненти е нешто повеќе од обичен тренд. Здравата храна е потреба!

Кога се бориш со искушение да посегнеш кон нешко висококалорично и нездраво, добро е да знаеш дека постои нешто здраво и природно.

Затоа македонската компанија за здрава храна „Виталиа“ реши да реализира едукативна кампања под слоганот „Junk free, guilt free“. Без да имаме грижа на совест, и без премногу размислувања, кампањата сугерира дека секогаш е подобра опција да се одберат производи кои се 100% природни, без додадени шеќери и ароми, а подготвени на многу едноставен начин –со минимална обработка (raw – сирови).

Вакви се токму новите Vitalia Super Raw bars, вистински избор за сите оние кои преферираат вкусна и суперздрава енергетска ужина, без глутен, без додаден шеќер, со големо количество растителни влакна и со одличен вкус.

Содржат повеќе од 80% суво овошје и тоа: урма, јагода, смоква, а дополнително содржат и супер храна како чиа семе, амарант, киноа што ги задоволуваат дневните потреби за ужинка полна протеини, витамини и минерали. Едно е сигурно, а сите истражувања тоа го покажуваат – консумацијата на сирова храна ни дава повеќе енергија во текот на денот, ни помага во одржување на посакуваната телесна маса, но и во борбата против холестеролот и концентрациите на трилицериди.

Во склоп на кампањата се промовирани три здрави и природни производи и тоа: Виталиа RAW BAR со урма, орев и јагодa, RAW BAR со чиа, бадем какао и урма

и RAW BAR со урма, смоква, индиски орев и амарант.

Идејата за лансирање на ваков тип на производ се роди минатата година, инспирирана од трендот за консумација на сирова храна. Горди сме на креирањето на производ со супериорна нутритивна вредност и уникатен вкус. Едукативната кампања „ Junk free, guilt free” е инвестиција во здравјето на идните генерации, подигање на свесноста кај популацијата за важноста на здравата исхрана и комплетна промена на перцепцијата за здрава ужина“изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, генерален менаџер на Виталиа.

Затоа одберете здрава Junk Free, Guilt Free ужина и уживајте во денот!

x

Check Also

Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер најнова иновација од Еуцерин

Да се задржи тонусот на кожата и таа да остане сјајна и ...