Кадаиф со мелено месо во сос, прсти да излижеш!

Кадаиф со мелено говедско во сос, односно „кадаиф манти“, специјалитет кој се служи како главно јадење, е еден од нашите омилени специјалитети од турската кујна, и ве увреуваме дека секој што ќе го проба ќе побара репете.

Еве го рецетот:

За подготовка на манти

250 грама кадаиф

100 грама мелено говедско месо

1 лажичка зачин (за месо)

Половина лажичка црн пипер

Половина лажичка чили

Половина лажичка ким

1 лажичка сол

1 лажичка мелен двопек

1 лажица магдонос

2 лажици маслиново масло

1 лажица путер

За подготовка на јогуртот

3 чаши јогурт

4 главици лук

За сосот

1 лажица сос од домати

1 лажичка пикантен сос од чили

2 лажици доматно пире

1 лажичка црн пипер

Четвртина китка свежа мајчина душичка

Неколку ливчиња нане

4 лажици маслиново масло

1 лажица путер

Подготовка

Добро измешајте ги состојките за манти (освен кадаифот) и целата смеса добро изгмечете ја и измесете ја додека не стане компактна. Потоа поделете ја смесата правејќи топчиња големи колку ореви. Земете неколку од долгите парчиња кадаиф и завиткајте ги околу топчето месо. Повторете ја постапката неколку пати се додека месото сосема не биде добро завиткано со „лентички“ кадаиф. На ваков начин завиткајте ги со кадаиф сите топчиња месо. Топчињата ставете ги во претходно загреана рерна и печете на температура од 230 степени десет минути.

За подготовка на сосот, на умерена температура загрејте го путерот додека убаво не се растопи во кој ќе ги додадете маслиновото масло, пикантниот сос од чили, сосот од домати и доматното пире, и мешајте. Кога ваквиот сос ќе почне да зоврива, тргнете го садот од ринглата и додадете го црниот пипер и свежите мајчина душичка и нане.

Во еден сад за сервирање наредете ги топчињата месо завиткани со кадаиф и врз нив истурете го прво јогуртот добро помешан со изгмечениот лук, па потоа врз него и сосот.

x

Check Also

Превкусна супа од домати

Со оваа супа од домати може да замените оброк. Се препорачува при ...