Ја купувате еднаш, а потоа ја носите повеќе студени сезони, зашто кожената јакна со крзненце од година в година станува се поубава, а не излегува од мода.
За оваа есен/зима луксузните модни марки нудат модели во пастелни бои, секако во колекциите се присутни и класичните црна и кафена, кај Lacoste хит-јакната е во темна сина боја, а кај Burberry кожата е змијска.
Кожените јакни со крзненце годинава се носат и со фустани во пижама стил, макси цветни фустани и мини фустани од волна, со патики или чизми, всушност во сите возможни и навидум невозможни комбинации.
Присутни се и во колекциите на популарните „хај-стрит“ брендови, па за да го заштедиме вашето време во барање на добра јакна, ги одбравме најубавите 5 достапни по прифатливи цени.