Каде да си купите слична кошула како онаа на Кејт Мидлтон

Фановите на Кејт Мидлтон зборуваат за виолетовата кошула со впечатлива панделка околу вратот која таа неодамна ја носеше. Станува збор за кошула од модната марка Гучи. И нам многу ни се допадна оваа кошула, па тргнавме во потрага по слични, но многу поприфатливи (парично) модели.

Слични кошули со интересни панделки околу вратот најдовме во пролетната колекција на Зара. Боите се жолта и зелена. Жолтиот модел е поедноставен и лесен за комбинирање, додека зелената кошула до голема панделка и „паф“ ракави е одлична за посвечени пригоди и за вечерни излегувања.

зара

Манго пак, нашата омилена модна марка, во својата понуда има елегантни модели на слични кошули како онаа која ја носеше Кејт Мидлтон. Всушност, класичната бела кошула од Манго не потсетува и на некои други кошули кои ги носела Кејт, неретко, додека сината со точки и помала панделка е разиграна и одлично „стои“ со бели панталони или фармерки.

манго

И во Страдивариус најдовме интересни модели, но со помали панделки. Кошулите со едноставен крој лесни се за модни комбинирања за различни прилики, а цената им е многу прифатлива.

страдивариус

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...