Каде да си купите трендовска плисирана сукња

Плисот се врати на голема врата на пролетната/летната модна сцена и не само на здолништата, туку го гледаме и на јакните, кошулите и панталоните. Доминира во актуелните колекции на лускузните модни марки, Валентино, Гучи, Макс Мара, Барбери, но на наше задоволство – го наоѓаме и во пролетните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки, во многу попристапни верзии.

mango

Преземен од трендот на 80-те години, овојпат плисаните модели имаат асиметрични кроеви, добар дел се романтични и украсени со цветни принтови, а популарни се и колоритните риги.

mango

Во тренд се и некласичните плисани модни парчиња изработени од метализиран конец, какви што се нудат во пролетните колекции на Мисони и Манго.

mango

Секако, во Манго го најдовме најголемиот избор на плисирани здолништа со миди должина, а убави модели се нудат и во Зара и &Other Stories.

x

Check Also

Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Вашиот омилен протугалски бренд за асесоари Parfois – поблиску до вас! Сега, со ...