mango

Каде да си купите убава бела кошула од есенските колекции

Белата кошула е безвремено модно парче кое може да се носи на безброј начини и за различни прилики, секако вклучувајќи ја и деловната атмосфера.

Еден од најпопуларните начини на носење на бела кошула оваа есен ќе биде во комбинација со фармерки со висок струк, а на работното место, во постудените денови ќе ја носиме со сукња со набори или пак, со панталони со риги, како што ни сугерира есенскиот каталог на Манго. Секако, оттаму предлагаат да го освежиме модниот изглед и со трендовска чантичка во суперпопуларниот животински принт.

манго

 

Освен класичните модели на бели кошули, во есенските колекции на популарните „хај стрит“ брендови можат да се најдат и модели со интересни детали, како што е асиметричното запетлување, врвците, предименизонирани кроеви, аплицирани цветови…

Најголема понуда на бели кошули најдовме во есенската колекција на Манго, покласични модели има во Зара, а младешки – во &Other stories

Еве ги нашите фаворити за есен 2018.

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...