Каде летуваат познатите модни креатори – Од Армани до Хилфигер…

Лето е, а тоа значи, време е за одмор. Првата половина на август е особено актуелна за одмор меѓу претставниците на модниот свет, зашто септември е многу напорен месец. И модните дизајнери и креативните директори на познатите луксузни модни марки се веќе на одмор. Еве каде годинава летуваат.

Вилата на Армани на Пантелерија

Џорџо Армани и ова лето, како и вообичаено, летува со пријателите на островот Пантелерија, кој се наоѓа во близина Тунис, а всушност е дел од Сицилија. На овој остров сместен среде Средоземното море, Армани има вила позната по посебниот дизајн. Тука е и неговата јахта од 65 метри.

Јахтата на Томи Хилфигер

И Томи Хилфигер преферира да летува во Италија, наместо во Америка. Токму овие денови, креаторот со своето семејство ужива на италијанскиот остров Искја, во близина на Наполи. Популарниот американски дизајнер сака да го минува своето слободно време со сопругата и децата, а тоа го прави најчесто во Италија, земја која ја смета за свој втор дом. Тука е секако и неговата фасцинантна јахта.

Новата јахта на Доменико Долче и Стефано Габана

Ова лето на нова јахта летуваат Долче и Габана. Јахтата Реџина ди Италија е долга 65 метри (старата нивна јахта беше долга 51 метар), и претставува триумф на технологијата и дизајнот, а чини околу 50 милиони евра.

На јахта летуваат и дизајнерот Валентино Гаравани со партнерот Џанкарло Џамети. Нивната позната јахта се вика T.M. Blue One, а на неа често доаѓаат вип личности на покана на Валентино, како Ен Хатавеј, Ким Кардашијан со сопругот Кенје Вест и други.

Јахтата на Валентино

Грчкиот остров Миконос продолжува да биде интересен за претставниците на модниот свет, но подеднакво интересна дестинација е и шпанската Ибица. На овие два острова во текот на летото се сретнуваат голем број на модни дизајнери, модели, стилисти…Моментно на Ибица престојува креативниот директор на Барбери, Рикардо Тиши. Модниот дизајнер пак, Марчело Бурлон, е исто така на Ибица, каде ужива да „работи“ на музичките фестивали како диџеј.

Марчело Бурлон

x

Check Also

Ова е најпосакуваниот базен во светот

Бањањето во базенот Marina Bay Sands e неповторливо доживување. Базенот се простира на три ...