Каде одат паричките фрлени во Фонтаната Треви

Како секој голем и познат град, и Рим си има свој ритуал: фрлање паричка во Фонтаната Треви што според верувањето значи дека поворно ќе се вратиме во Вечниот град.

fo12

Постојат повеќе легенди поврзани со овој ритуал. Според една, оној кој ќе фрли паричка во Фонтаната Треви сигурно ќе се врати повторно во Рим. Друга пак легенда вели дека фрлање на две парички во фонтаната ќе ви донесе љубов со убава римјанка односно римјанец, а фрлање на три парички носи брак. Трета легенда вели дека за љубов и среќа треба да се фрлат одеднаш три парички со левата рака преку десното раме.

fo88

Без разлика колку и да верувате во легендите, веруваме дека секој кој го посетил Рим фрлил барем една паричка во Фонтаната Треви (Фонтана ди Треви).

Како и да е, најмалку 3.000 евра завршуваат секојдневно во фонтаната. Но дали некогаш сте се запрашале каде одат сите овие парички, кој ги собира и на што се користат?

fo99

fo77

Секое утро, во зората, четворица вработени во АМА (компанијата задолжена за управувањето со отпадот во Рим) собираат илјадници парички.

fo17

Се собираат околу 280 килограми монети од сите страни на светот. Монетите се предаваат на организацијата Каритас, се претвораат во евра и потоа еврата се користат за финансирање на проекти за помош на сиромашните луѓе во главниот град.

fo771

fo1818

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...