Кафе пред вежбање? Да, фала! Еве зошто…

Филџан кафе пред тренинг значително ќе ви го олесни вежбањето, ако може да им се верува на резултатите на едно истражување објавено во Journal of Applied Physiology.

Истражувачите вклучиле група на луѓе кои практикуваат фитнес и дојода до сознанието дека оние кои испиле филџан кафе до 90 минути пред тренинг постигнуваат подобри резултати на тренингот и полесно вежбаат од оние кои не испиле кафе. Додека биле под влијание на кофеинот испитаниците рекле дека тренингот им е многу полесен отколку во другиот случај.

Но има уште. На истражувачите им било интересно да следат и како кофеинот влијае на нивните прехранбени навики подоцна во денот, односно после тренингот. Оние кои пред тренинг испиле кафе подоцна на појадокот/ручекот или вечерата конзумирале помалку храна од другите кои не испиле кафе.  Поточно, кофеинот ќе ви го направи тренингот полесен и ќе ве спречи од прејадување по тренингот.

x

Check Also

Најпопуларната брза есенска диета со тиква

Тиквата е една од најбараните есенски намирници, а таканаречената диета Тиквеник е ...