Кафе со млеко и тиква, неповторлив вкус!

Есента е вистинска сезона да уживате во кафето со млеко и тиква (Pumpkin Spise Latte). Но со оглед на тоа дека немаме Starbucks во нашиот град, би требале да сме скратени од ова задоволство. Освен ако не си го подготвиме сами дома.

Еве го рецептот (за два големи филџани кафе или за две чаши).

Состојки – 70 грама пире од тиква, полно лажиче зачини за колачи од тиква (цимет, мускатен орев, ѓумбир, каранфилче, оставете малку од зачинот и за декорација на кафето), 300 мл млеко, 2 лажички екстракт од ванила, 2 лажички кафеав шеќер, 120 мл кафе (еспресо или посилно филтер кафе), 50 мл слатка павлака.

Подготовка

Прво, од печената тиква направете пире (во блендер). Потоа, сварете го млекото и во врелото млеко додадете го пирето од тиква. Додадете ги и зачините, па кафето и  убаво измешајте. Додадете го сега шеќерот и мешајте додека смесата стане како сируп. На крајот додадете ја аромата од ванила. Смесата ставете ја на оган убаво да се загрее, но внимавајте да не зоврие. Варете и мешајте додека добиете пенеста смеса.

Во два големи филџана поделете го кафето со млеко и тиква. На крајот додадете ја слатката павлака (шлагот) и уште малку наросите од зачините за тиква.

x

Check Also

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство (ФОТО ВЕСТ)

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам ...