Кајли Џенер го прослави 21-от роденден и првата милјарда долари

Има само 21 година? Се прашуваат многумина кога ќе чујат дека реалити ѕвездата Кајли Џенер го прослави својот 21-ви роденден.

Кајли го прослави роденденот заедно со своите сестри и со мајката, а прославата ја овековечија со фотографии кои ги постираа на Инстаграм.

Популарните членови на семејствата Џенер и Кардашијан беа облечени во ист тон, односно во нијансите на новата козметичка линија која ја рекламира Кајли –  Kylie Cosmetics 21st Birthday Collection. За роденденот, таа ја промени и бојата на косата, а одбра секси фустан во розова боја и чевли во истата нијанса.

И сестрите го следеа сексапилниот дрес код, па на прославата се појавиле во мини фустанчиња кои не сокриваа многу кожа.

Со оглед на тоа што ја спечалила првата милијарда долари, Кајли Џенер имала уште една причина за славење.

x

Check Also

Изглед на денот: Виолетовиот фустан на Кејт Мидлтон (сличен модел има во Marks & Spencer)

По шестмесечниот постпородилен период на пауза, кој го помина уживајќи со малиот ...