Кајли Џенер и Тревис Скот купуваат куќа на Беверли Хилс: 7 спални, 10 купатила

Кајли Џенер и Тревис Скот, со ќеркичката Сторми, купуваат куќа на Беверли Хилс. Станува збор за модерна вила од 12 милиони евра.

Кајли Џенер и раперот Тревис Скот ја купија нивната прва куќа и почнаа да живеат заедно. Мало апартманче за младите? Секако, не. Кејли и Тревис ги прават работите на големо – куќата која ја одбраа се наоѓа во Беверли Хилс и чини 12 милиони евра.

Според агенцијата за недвижнини од кадешто е купена куќата, станува збор за спектакуларна вила со модерен дизајн. Трпезаријата е на отворено, поврзана е со прекрасна, голема кујна и зошто да не, со базен.

Куќата располага со 9 илјади квадратни метри, има 7 спални соби и 10 купатила. Дневната соба располага со 2.300 квадратни метри.

Локацијата е опкружена со густи дрва за парот да биде заштитен од папараци, а големиот двор дополнително го прави местото идеално за растење на ќерката Сторми.

Врската на Кајли и Тревис зпочнала во април, 2017, кога двајцата се сретнале за првпат, на фестивалот Coachella. Во текот на следните месеци имаше различни шпекулации за врската, но потврдната информација стигна на 4ти февруари. Тогаш, Кајли објави дека таа, со вереникот Скот, му посакале добредојде на нивното прво дете, девојченцето со име Сторми.

x

Check Also

Џенифер Лопез сака да се пресели во Италија

„Можам да кажам дека танцот и музиката се мојата прва љубов, но ...