Кејт Мидлтон со фустан сличен каков што носеше Лејди Ди

Кејт Мидлтон (38) ѝ оддава почит на Лејди Дајана за време на државната посета на Ирска, каде е со принцот Вилијам, облечена во фустан кој потсетува во сè, од бојата до силуетата, на еден од модните изгледи на починатата принцеза Дајана од Велс.

Ова не е прв пат војвотката од Кембриџ да биде инспирирана од Лејди Ди. Нејзиниот модерен вкус во модните додатоци ја прави единствената разлика.

За настан во Даблин, Кејт Мидлтон носеше розов фустан со црни точки со црн ремен, што личеше на оној што го носеше Лејди Ди во 1983 година за време на патувањето во Океанија со принцот Чарлс. Принцезата од Велс тогаш имаше само 22 години. Фустанот беше дизајниран од Доналд Кембел, а „рециклиран“ од Спенсер во април 1985 година за време на посетата на Ватикан. На главата, принцезата од Велс носеше шапка во иста розова нијаса, додека Кејт Мидлтон одбра црни модни додатоци.

x

Check Also

Џеки Сталоне, познатата мајка на Силвестер, почина на 98 години, беше познат астролог

Акробатка, советнича на телефонска линија за психичко болни лица, и промоторка на ...